Витамини Дигестивен систем Здравје

Proven Probiotic Cardiobiotic го штити здравјето на срцето

Болестите на срцето се најчеста и водечка причина за смрт во светот. Поради тоа многу е важно добро да се внимава и да се чува неговото здравје,особено во подоцнежните години на живот.

Неодамнешните истражувања и студии покажаа дека пробиотиците можат да бидат многу корисни за здравјето на срцето и крвните садови.

Пробиотиците се живи микроорганизми кои природно ги има во нашиот гастроинтестинален тракт и не предизвикуваат никаква штета туку напротив  овозможуваат одредени здравствени бенефити. Тоа обично се бактерии како Lactobacillus и Bifidobacteria. Меѓутоа, не се сите исти и може да имаат најразлични ефекти врз нашето тело.

Пробиотиците го намалуваат нивото на холестерол во крвта

Направени се бројни студии  во кои е испитуван ефектот на Lactobacillus.Тие  покажуваат дека Lactobacillus пробиотиците може да го намалат нивото на холестерол во крвта, посебно кај луѓе со високо ниво на холестерол. Во овие студии, исто така, потврдено е дека два вида на Lactobacillus пробиотици-Lactobacillus plantarum и Lactobacillus reuteri се посебно ефикасни и заслужни во намалувањето на нивото на холестерол во крвта.

Постојат два начина на кои пробиотиците можат да го намалат нивото на холестеролот:

1.Пробиотиците можат да се поврзат со холестеролот во цревата и на тој начин да ја спречат неговата апсорпција

2.Пробиотиците го потпомагаат лачењето на жолчните киселини кои учествуваат во разградувањето на мастите и холестеролот во нашето тело

Пробиотиците го намалуваат високиот крвен притисок

Високиот крвен притисок е уште еден фактор на ризик во настанувањето на срцеви заболувања и може да се намали со користење на одреден тип на пробиотици. Една од поголемите направени студии покажала намалување на крвниот притисок при редовно земање на пробиотици во период од 8 недели во повисоки дневни дози.

Пробиотиците ги намалуваат воспаленијата во организмот

Воспаленијата во организмот  се честа појава како резултат на борбата на имунолошкиот систем против одредени инфекции предизвикани од штетните микроорганизми.

Воспаленијата може да настанат и како резултат на лоша и нередовна исхрана, пушење или нездрав начин на живот, а со нивното настанување се забрзува настанувањето на болестите на срцето и крвните садови.

Клиничка студија направена на група од 127 луѓе со високо ниво на холестерол, покажала дека земањето на пробиотици Lactobacillus reuteri и Lactobacillus plantarum во тек на 9 недели значително го намалуваат нивото на одредени протеини во организмот кои влијаат врз појавата на воспалителните процеси во организмот : C-реактивен протеин (CRP) и Фибриноген.

На крај од сето ова можеме да заклучиме дека пробиотиците, покрај здравата исхрана и здравиот начин на живот, придонесуваат во зачувување и одржување на здравјето на срцето и крвните садови.

Пробиотик кој ги содржи веќе споменатите Lactobacillus plantarum и Lactobacillus reuteri е Proven Probiotics Cardiobiotic.

Proven Probiotics Cardiobiotic претставува уникатен спој на Lactobacillus plantarum (CUL66) и Lactobacillus reuteri(NCIMB30242) корисни бактерии испитувани од страна на истражувачите и научниците во  Clutech Ltd кои имаат повеќе од 20 години искуство во развој и клиничко тестирање на најефикасните пробиотски соеви.

Направени се  клинички студии на двата типа корисни бактерии, а добиените резултати покажуваат :

-Lactobacillus plantarum (CUL66) ја намалува количината на холестерол што се апсорбира во цревата, а со тоа го намалува и неговото ниво во крвта.

-Lactobacillus reuteri (NCIMB30242) значително делува во намалувањето на холестеролот поддржан од клиничките испитувања спроведени кај поголема група на луѓе.

Proven Probiotics Cardiobiotic е комбинација од

-10 милијарди корисни бактерии Lactobacillus reuteri и Lactobacillus plantarum во една капсула.

-Витамин Б1 кој е многу важен во одржувањето на нормалната функција на срцето

– Хидрокситирозол (од маслинов лист) – антиоксидант кој воедно има и антивоспалително дејство и ги штити срцето и крвните садови од воспалителни процеси.

30 капсули, 1 капсула на ден

  • Создаден специјално за одржување и зачувување на здравјето на срцето
  • Содржи 10 милијарди соеви на Lactobacillus plantarm(CUL66) и Lactobacillus reuteri(NCIMB30242) корисни бактерии
  • Содржи хидрокситирозол (од лист од маслинка)
  • Витамин Б1 значаен за одржувањето на нормалната функција на срцето

Др. Љубица Димитривеска

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin