Витамини Здравје Суплементи

Што се салвестроли?

Салвестролите се дел од имунолошкиот систем на растенијата. Постојат различни салвестроли, некои се антиоксиданти,некои се полифеноли, а некои се фитоестрогени.

Консумирајќи овошје и зеленчук салвестролите стануваат дел од нашиот имунолошки систем, а нивната главна улога е уништување на малигни туморски клетки.

Салвестролите ги откриле двајца истражувачи од велика Британија, Др. Ден Брук и Проф. Џералд Потер, експерти од студијата за проучување на CYP1B1  ензимскиот состав и добивање на нови средства за уништување на клетките на ракот. Овој ензим не може да се најде во здравите клетки, но се наоѓа во сите видови и форми на рак и тумори. CYP1B1 се смета за универзален тумор маркер.

Растенијата произведуваат салвестрол како заштитно оружје против патогени габи, бактерии, вируси, инсекти и ултравиолетово зрачење. Кога растението е нападнато салвестролот се произведува во големи количини што води кон брзо уништување на патогени организми. Салвестролот е дел од имунолошкиот систем на растенијата кој во истовреме е корисен и за здравјето на луѓето.

Како салвестролот делува врз клетките заболени со рак?

Во 2002 година тимот на Др. Брук и Др. Потер откриле дека салвестролот се приклучува кон ензимот  CYP1B1 и делува како природен цитоксичен агенс кои ги принудува болните клетки на самоубиство. Оваа акција е насочена само кон болните клетки и нема нус-појави. Крајниот резултат е уништување на клетките заболени со рак и намалување на туморите.

Современата агрокултура користи премногу инсектициди, пестициди и вештачки ѓубрива, па растенијата не се нападнати од патогени организми, тоа води до намалено или изостанување на лачење на салвестролот.

Истражувањата покажале дека денешните растенија содржат 80-90% помалку салвестрол за разлика од пред 50 години. Затоа и не изненадува епидемијата на рак.

Растенијата произведуваат салвестрол два дена пред созревање зошто тогаш во него има најголема количина на шеќер, чекајќи ги габите да го нападнат. Денес дури и органското овошје се бере незрело со цел да не се расипе додека да стигне до крајниот потрошувач. На тој начин е прекинат процесот на зреење и салвестролот не се произведува.

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin