Циркулација

Слаба циркулација- Причини и симптоми

Циркулацијата е процес на кружење на крвта низ организмот, носејќи храна и кислород до клетките, притоа ослободувајќи се од сите штетни нус-појави.

Првите симптоми на слабата циркулација се студени раце и нозе.На  лицето кое страда од слаба циркулација постојано му студи.

Главните причини кои доведуваат до слабата циркулација се: наследните гени, неправилната исхрана, дебелината, лошите навики како пушењето, некои хронични болести како дијабетесот, недоволната физичка активност, високиот крвен притисок и слично.

Болните од слаба циркулација на нозете и рацете во голем број (околу 90%) имаат и слаба циркулација на крвните садови на срцето, вратот и главата.Кај личностите кои страдаат од слаба циркулација освен чувството на студ на рацете и нозете, се појавува модра боја на кожата, трпнење на рацете и болки при одењето.Болките најчесто поминуваат после одмор, но повторно се појавуваат при нова активност. Слабата циркулација може да доведе и до несвестица, поспаност, замор, губење на концентрацијата и трпнење во рацете и нозете.

Нарушента циркулација се потврдува со детален лекарски преглед или радиолошка дијагностика(ултразвук, колор доплер, магнетна резонанца, ангиографија).Чувтсвото на студ е последица на собраните или затнатите крвни садови, со што се намалува дотокот на крв во екстремитетите, студените раце и нозе ја менуваат бојата црвена, мoдра се до сина и на крај може да побелат. Кoга ќe се загреат, бојата се враќа, но во обратен редослед и притоа се има чувство на пецкање.

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin