Здравје

Не ја игнорирајте анемијата !

Според податовите на Светската Здравствена Организација, околу 40% од жителите на планетава имаат симптоми на анемија, предизвикани од недостаток на железо. Анемијата е состојба која се карактеризира со недостиг на црвени крвни зрнца во кои е намалена концентрацијата на хемоглобин кој служи за пренос на кислород од белите дробови до ткивата и органите.

Анемијата, велат лекарите не  болест , тука состојба со која се манифестираат различни заболувања. Таа состојба не треба да се занемарува, бидејќи последиците по здравјето можат да бидат сериозни. Се лекува на различни начини зависно од причинителот.

Недостаток на железо се надополнува со перорални препарати на  елемнатарно железо, во денвна доза од 100 мг до 200 мг, пед јадење поради  шодобра апсорпција. Од намирници, секако главен извор и снабдувач на организмот со овој минерал е месото.

Лекарите нагласуваат дека разнобразната исхрана е клучна во спречувањето на појавата на анемијата, што подразбира внес на продукти од животинско и растително потекло.

Какаото, спирулината, спанаќот и хлорела се сметаат за најдобри природни извори на железо, кои лица склони кон оваа состојба треба да ги конзумираат на дневна основа.

Вообичаено, ако пациентот има адекватен одговор, терапијата и со суплементи и со додатоци во исхрана се продолжува ѓест до девет месеци по корекција на анемијата

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin