Здравје Совети

Невропсихијатрите препорачуваат:Не слушајте музика додека работите!

Многумина додека работат, слушаат музика со слушалки. На тој начин освен што се изолираат од буката и галамата, го подобруваат своето расположение и генерално мислат дека работат подобро. Но дали сте се запрашале што се случува во мозокот додека слушате музика?

Сајтот Business Insider во потрага по одговори на ова прашање го контактирал Даниeл Левитин, когнитивен невропсихијатар и автор на книгата “Ова е твојот мозок кога слуша музика“.

„Пријатно Ви  е додека слушате музика и на тој начин се чувствувате попродуктивно“, вели Левитин кој е и музичар. Меѓутоа вистина е дека сте помалку продуктивни. Даниел укажа на многубројни студии кои докажаа дека при слушање на музика квалитетот на интелектуални задачи (размислување, читање и пишање) се намалува.

Една студија од 2010 година покажува дека луѓето имаат помала способност за помнење додека слушаат музика во споредба на оние кои работат во тишина.

Слушајте музика 10-15 минути пред да почнете со работа.

Левитин објаснил дека кога слушаме музика ние уживаме, подобро сме расположени и релаксирани. Нашиот мозок излачува невротрансмитер домпамин кој ни дава чувство на задоволство. Во исто време се излачува и невротрансмисерот серотонин кој помага во подобрување на расположението и помага при фокусирањето.

Според овој невропсихијатар слушањето на музика ни одзема дел од концентрацијата , што значи ако слушате музика додека работите имате помалку интелектуални ресурси за извршување на работните задачи. Во случај на досадни задачи кои се повторуваат, како што е долго возење музиката е корисна, бидејќи ни помага да се фокусираме.

Левитин вели дека резултатите од научното истражување на влијанието на музиката врз продуктивноста ги применил и во својот живот. Кога учи, чита или пишува работи во тишина, а потоа прави пауза слушајќи музика, вежбајќи или едноставно поминува време во природа. Но кога извршува  работи кои се досадни за него како сметководство, често слуша музика.

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin