Мајки и Деца

Постпородилна депресија

Раѓањето на дете и периодот кој следи е многу интензивен и осетлив период за секоја мајка. Без разлика на тоа колку мајката била добро подготвена за новонастанатата ситуација и без разлика на поддршката на околината, овој период секако ќе биде стресен за неа.  Поради низа промени во нивното тело, хормоните но и стресот мајките може да се сретнат со постпородилна депресија.

Во периодот после породувањето, мајката се соочува со низа хормонални промени. Мајките се соочуваат со сите благодети на мајчинството, но и со стравови. Секојдневната грижа за новороденчето во животот на мајката носи ново ниво на стрес. Доколку кон тоа ги додадеме уморот, непроспаните ноќи, неизбежните промени во начинот на живот, односот со партнерот и останатите членови од семејството, јасно е дека постои веројатност мајката да добие некои психички промени.

Постпородилната депресија е минливо  расположение кое се јавува во првите денови после породувањето и трае околу две недели. Во овој период жените се многу осетливи и склони кон нагли промени на расположението. Имаат проблем со несоница и нарушена концентрација, а често се и незадоволни од себе.

Постпородилната депресија не претставува сериозен проблем за мајчинството и не му штети на здравјето на детето, затоа што мајката и покрај потешкотиите кои ги има способна е да се грижи за детето. Оваа депресија се смета за нормална реакција на промените после породувањето, која со труд и помош од семејството лесно се надминува.

Меѓутоа се случува некои мајки да доживеат интензивни промени во расположението, а тоа може да влијае на сите сфери во нејзиниот живот. Постои можност некои мајки да патат од тежок облик на постпородилна депресија.

Постпородилната депресија е пораметување на расположението во кое доминираат симптоми како лошо расположение, депресија и губење на интерес за детето и секојдневните обврски. Се појавуваат промени во начинот на мислење, емоциите, однесувањето но и физички промени. Доколку мајката не може да се избори со своите чувства најдобро е да побара стручна помош и помош околу грижата на детето.

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin