Здравје

Како влијае возраста на еректилна дисфункција?

Како влијаат возраста и годините на Еректилната Дисфункција?

Стотици милиони мажи низ светот се засегнати од ЕД. Најчесто погодени мажи според возраста се:

  • 12%  помлади од 60
  • 22%  во нивните 60-ти
  • 30%  во нивните 70-ти и постари

Иако ризикот од ЕД се зголемува со годините, не значи дека ќе се јават проблеми. Можеби ќе се јават мали потешкотии со добивање ерекција од време на време, но ништо посериозно од тоа. Воглавно, што е поздрав организмот, подобра ќе биде сексуалната функционалност. ЕД може да се јави кај помлади мажи. 1 од 4 мажи бараат третман на ЕД пред својата 40-та година од животот. Пронајдена е силна поврзаност меѓу ЕД и пушењето како предизвикувач, а исто така и кај злоупотребата на наркотиците. Ова ни укажува дека и животните навики кај мажите, од било која возраст, може да допринесе за ризик факторите при ЕД.

Како се дијагностицира ЕД?

Докторот прашува за симптомите и за здравствената историја. Понекогаш се спроведуваат тестирања да се утврди дали симптомите се поврзани со одредени нарушувања во здравјето. Се прегледуваат срцето, крвниот притисок, а се прегледуваат тестисите и пенисот. Се препорачува и преглед на простатата. Дополнително се прават испитувања на урината и крвна слика.

Кои се можни третмани?

Лекарот може да препише лекови за третман на Ед. Треба да се следат упатствата на лекарот и да се биде упорен додека не се стигне до успехот со одреден лек. Следниве лекови ја стимулираат крвта да навлезе во пенисот и ја третираат Еректилната Дисфункција:

  • alprostadil
  • avanafil
  • sildenafil
  • tadalafil
  • testosterone
  • vardenafil

ASK A DOCTOR NOW

Постојат суплементи на природна база, кои ги немаат несаканите ефекти како лековите и со упорно и педантно користење може да се добијат исклучително добри резултати.

  • Л-аргинин
  • DHEA (dehydroepiandrosterone)
  • жен-шен
  • аспарагус
  • Pygeum africanum – африканска слива

Останати можни третмани

  • Психолошка терапија против стрес, напнатост, пост трауматски стрес, депресија
  • Акупунктура
  • Вежби на карличните мускули
  • Здрави животни навики и исхрана – редовна физичка активност, одржување на нормален крвен притисок, јадење на балансирана и здрава храна, одржување на здрава телесна тежина, избегнување алкохол и цигари и намалување на стресот
  • Промена на медикаментите со кои не се добива очекуваниот ефект, но, по консултација со лекар

Дали Еректилната Дисфункција е излечива ?

Во повеќето случаи – да! Понекогаш е доволно да се подобрат само неколку од здравствените фактори за да се намали или отстрани ЕД. Многу лекови и медикаменти има на располагање. Во одредени случаи се користат и медицински апарати на база на пумпа или прстен со кои се одржува ерекцијата и со тоа на одреден период се менаџираат симптомите на ЕД. Се разбира дека консултација со лекар специјалист е оптимално решение, за да се дијагностицира здравствената ситуација и да се започне со третман.

Д-р Зоран Гершановски

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin