Дигестивен систем Совети

Како да ја подобрите дигестијата на храната?

Правилното варење на храната е важно за организмот во спротивно никогаш нема да ги внесеме потребните хранливи материи кои ни се неопходни. Доколку системот за варење на храната не функционира нормално се развиваат различни здравствени проблеми.

Причини кои го нарушуваат здравјето на дигестивниот систем:

  • Мрсна и зачинета храна. Мрсната храна го забавува празнењето на цревата и го прави телото склоно кон запек. Тешките зачини го вознемируваат стомакот предизвикувајќи болка, подуеност и отежнато празнење на цревата.
  • Алкохолот. Алкохолот го забавува метаболизмот на телото и предизвикува болести кај црниот дроб, панкреасот и системот за варење.
  • Кофеинот. Кофеинот во мала доза е корисен за системот за варење, но прекумереното консумирање води кон проблеми со цревата. Кофеинот ги надразнува цревата и предизвикува проблеми со системот за варење.
  • Физичка пасивност.За правлна работа на дигестивниот систем потребна е физичка активност. Денес голем број на луѓе извршуваат работни обврски во седечка положба што води до забавување на метаболизмот, запек и гасови.
  • Газирани сокови. Газираните сокови го отежнуваат варењето на храната и предизвикуваат проблеми со задржување на храната во цревата.
  • Пушење.  Вдишувањето на чадот од цигарите е штетно за цел организам. Штетните отрови кои се вдишуваат се задржуваат во системот за варење предизвикувајќи проблеми со запек, создавање на чир и гастритис.

Неколку совети како да ја подобрете дигрестијата:

  • Јадете мали залчиња храна и џвакајте подолго. При јадењето на големи залчиња се зголемува ризикот од голтање на воздух што води кон подуеност во стомакот и тешкотии при варењето. Храната треба да се џвака подолго време за да не се оптоварува системот за варење.
  • Пијете многу вода. За да може да се вари храната подобро потребно е да консумирате поголема количина на вода.
  • Користете камилица, босилек, ѓумбир и нане секојдневно за да ги избегните проблемите со варењето на храната. Преку консумација на овие намирници ќе се подобри варењето на храната, ќе се намалат гасовите, грчевите и болките во стомакот.
  • Јадете повеќе овошје. Овошјето е богато со растителни влакна што помага при варењето на храната. Растителните влакна го забрзуваат процесот на варење на храната и спречуваат појава на запек.
  • Јадете повеќе ферментирана храна. Редовно внесувајте јогурт, кефир, кисела зелка и слично.  Добрите бактерии кои природно се наоѓаат во овие намирници го подобруваат варењето и балансот на цревната микрофлора.
  • Користете суплементи за подобрување на дигестијата. Одберете производи кои содржат амилаза, протеаза, липаза, лактаза и целулаза и бетаин хидрохлорид. Овие ензими се одговорни за разградување на храната во дигесивниот систем.Поради нездравиот начин на живот дигестивниот систем може да не произведува доволно ензими и да се развијат различни болести.

Во најблиската аптека на Зегин побарајте го комплексот на Natures Aid Digrestive Enzyme кој ќе ви помогне да ја одржите продукцијата на дигресивните ензими на нормално ниво.

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin