Болки Здравје

Што е потребно за здрави коски?

Здравиот начин на живот кој вклучува не само правилна и избалансирана храна, туку и зголемена физичка активност е еден од предусловите за здрави и цврсти коски. Меѓутоа не секогаш тоа е доволно, бидејќи со стареењето полека се намалува коскената маса, а со тоа се зголемува ризикот од остеопороза, артритис и скршеници.

Токму затоа докторите препорачуваат да се користат суплементи во исхраната кои содржат комбинација на витамини и минерали кои благотворно влијаат на здравјето на коските.

Калциум за превенција на остеопороза

Овој минерал е најзастапен во нашето тело и има важна улога во градењето на коските. Сепак, современиот начин на живот не овозможува доволен внес на овој минерал, што е особено изразено кај ризичните категории, односно жените во менопауза. Ако на тоа го додадеме и фактот дека со текот на годините способноста на организмот за апсорпција на калциумот се намалува и до 60% станува јасно дека е особено важно калциумот да се користи како суплемент во исхраната.

Зголемената количина на калциум ја намалува опасноста од остеопороза, ги ублажува грчевите за време на менструалниот циклус, а ја намалува и мускулната тензија при зголемена физичка активност.

Витамин Д сојузник на калциумот

Примарната улога на витаминот Д е првилна апсорпција на калциумот во организмот со што игра значајна улога во оформувањето, но и одржувањето на здрави коски. Неодстатокот од овој витамин директно предизвикува општа деминерализација на коските, болки во истите, слабост во мускулите и почести спонтани фрактури.

Овој витамин го внесуваме преку храната, но и сам се создава во кожата под дејство на сончевите зраци. Сепак, иако сонцето е најважен извор на витаминот Д, зголеменото изложување е доста штетно и може да предизвика и сериозни далекусежни последици.

Оттука, најдобро е витаминот Д да се внесува преку исхраната, како и преку конзумирање на суплементи како би се задоволиле препорачаните дневни потреби.

Магнезиум за уште поцврсти коски

Уште еден минерал кој е од круцијално значење за правилната апсорпција на калциумот е магнезиумот. Научните истражувања покажале дека зголемената употреба на калциумот без соодветна доза на магнезиум може да биде и контрапродуктивна, бидејќи без доволно магнезиум  калциумот се таложи во меките ткива и предизвикува артритис.  Затоа препораките се во насока овие два минерала да се земаат во еднаква пропорција.

Bone Vital таблетите на Pharmavital е комплекс од калциум, витамин Д, магнезиум, како и заштитената формула на К2VITAL* DELTA кои имаат есенцијално значење во одржување на нормални коски и заби. Оваа идеално избалансирана доза на витамини и минерали кои прават совршена формула за здравје и виталност на коските може да се најде во сите аптеки на Зегин во пакување од 60 таблети, а дневната препорачана доза е два пати на ден по една таблета.

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin