Здравје

Алцхајмерова ( Alzheimer) болест

Алцхајмеровата болест претставува прогресивна дегенерација на ткивото на мозокот, која се јавува кај луѓето над 65 – годишна возраст и предизвикува разорно нарушување на менталните функции. Вниманието обично се губи, едноставните сметања стануваат невозможни, а секојдневните активности стануваат се потешки. Интелектуалните функции како што се помнењето, сфаќањето и говорот исто така се влошуваат.Заболениот кој се повеќе ја губи ориентацијата може да заскита и да се изгуби. Болеста, без исклучок е смртоносна.

Симптоми

* промени во расположението – потиснатост, параноја, вознемиреност, анксиозност, себичност

* губење ориентација, небнимание, заборавање неодамнешни настани, неможност за запомнување на нови информации

*се поголема склоност кон губење работи

*вртоглавица или намалено чувство за рамнотежа

Иако Алцхармеровата болест кај многумина се јавува со текот на стареењето, болеста не е природна појава на стареењето, станува збор за неприродна состојба чии причинители и натаму се испитуваат. Постепеното губење на функциите на мозокот е предизвикано од два главни облици на нервна оштетеност: нервните влакна се сплеткуваат, а во болното ткиво се натрупуваат слоеви од белковини познати како плак.

Дијагнозата од стручњаци е особено важна зашто низа други здравствени тегоби – од кои многу се излечливи – имаат симптоми врзани со Алцхајмеровата болест. Тие ги опфаќаат респираторните инфекции, несоодветната исхрана, недостигот на витамин Б12, анемија, хипогликемија, депресија и цереброваскуларна инсуфициенција. Други тегоби и болести што понекогаш се мешаат со Алцхајмеровата болест се Паркинсонова болест, мозочен удар, тегоби со штитната жлезда, тумори на мозокот, напреднат сифилис. Лекарот започнува со физички и психолошки тестирања, замислени така за да се отфрлат други причинители на ментални оштетувања.

Лекување

Алцхајмеровата болест е неизлечива – ништо не може да ја сопре ниту да го врати болниот во состојба пред болеста. Се чини дека лековите донекаде го забавуваат нејзиното напредување во раните фази, а некои други можат да помогнат кај промените на расположението и други одредени проблеми во однесувањето кои се јавуваат кај овиа болест. Најдобра стратегија е да живеете здрав живот – јадете правилно и вежбајте редовно да да го одржувате целиот организам, а посебно нервните клетки, во добра состојба.

Др Димитар Милошевски

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin