Здравје

Колку може да биде опасно рчењето?

Рчењето не само што им го нарушува сонот на најблиските, туку може да биде и опасно по здравјето.

Рчењето при спиење е многу честа појава која гo засега околу 30 осто од светската популација. Овој проблем  често се занемарува, но доколку не се лекува може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Sleep Apnea се манифестира со престанок на дишењето за време на спиењето, т.е лицето има периоди кога дише и периоди кога не дише.

Постојат повеќе фактори кои можат да бидат причина за рчење во текот на сонот : анатомијата на усната шуплина, дебелина, употреба на различни лекови, консумирање алкохол, пушење, проблеми со носот, постоење на полипи и искривување на носната преграда. Најчеста причина поради рчење при спиење кај децата е зголемување на третиот крајник.

Лицето кое рчи при спиење освен што го нарушува текот на својот сон и на нeговите најблиски, страда од поспаност, недостаток на концентрација, утринска главоболка, промена во однесувањето, а понекогаш и краткотрајно губење на меморијата.

Одговорете на следниот прашалник кој може да помогне при утврдување на тоа дали имате Sleep Apnea?

  • Дали рчите гласно?
  • Дали се чувствувате изморено или поспано во текот на денот?
  • Дали некој забележал дека правите прекин во дишењето за време на спиење?
  • Дали имате или се лекувате од покачен крвен притисок?
  • Дали имате повеќе од 50 години?
  • Дали обемот на вратот е поголем од 40 цм?
  • Дали сте од машки пол?

Висок ризик: три или повеќе ДА одговори.

Низок ризик: помалку од три ДА одговори.

Доколку се сомневате дека страдате од Sleep Apnea побарајте помош од стручно лице. Постојат методи со кој дијагнозата се утврдува во домашни услови

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin