Здравје Совети

Како да се ослободите од стресот?

Престојот во природа во времетраење од 20 минути ги намалува последиците од стресот.

Во студија објавена во ,, Frontiers in Psychology”  истражувачите се обиделе го пронајдат најефикасното времетраење на престој во природа кој му е потребен на човекот за да се намали нивото на стресот.

Young happy woman with backpack raising hand enjoy with nature. Woman travel concept.

,, Знаеме дека времето поминато во природа го намалува нивото на стрес. Но досега беше нејасно кое е идеалното време кое треба да го поминете во природа за да се намали стресот и колку често би требало да престојуваме во природа. Нашата студија покажа дека за ефикасно намалување на нивото на хормонот на стрес-кортизол потребно е да поминете 20 до 30 минути во природа“- тврди Мери Керол Хантер, авторка на истражувањето и експерт за животна средина и одржлив развој.

Во текот на експериментот било побарано од 36 жители на град да поминат во природа најмалку десет минути, три пати неделно во текот на два месеци.

На секои две недели научниците го мереле нивото на кортизол на учесниците пред и после престојот во природа.

Податоците покажале дека само 20 минути престој во природа е доволно за значајно да се намали нивото на кортизол. Здравстените придобивки се зголемувале после 20 до 30 минути поминати во природа.

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin