Здравје Совети

Како да се ослободете од несоницата?

Несоницата се појавува како последица на стресниот начин на живот, после употреба на некои лекови или поради замор.

Во модерното општество се повеќе луѓе се жалат на несоница. Симптомите на несоница вклучуваат проблеми да се заспие, проблеми со често будење и будење рано наутро.

Несоницата може да доведе до хроничен замор и недостаток на концентрација, а долготрајниот недостиг на сон има негативно влијание врз здравјето.

Едно истражување кое траело 30 години и опфатило 160 000 луѓе покажало дека несоницата предизвикува срцеви и мозочни удари, како и дека кај жените тој ризик е поголем отколку кај мажите. Жените се посклони кон несоница поради хормоните и реакцијата која ја имаат на стресот. Авторот на истржувачката студија, Џиао Хе од Медицинскиот универзитет во Шангај истакнува дека спиењето е една третина од човечкиот живот и дека сонот е важен за биолошкото заздравување на организмот.

Претходни истражувања покажале дека несоницата може да го промени метаболизмот и функцијата на ендокрините жлезди, да ја зголеми симпатетичката активност на кардиоваскуларниот систем и да го зголеми срцевиот притисок.

На возрасните им е потребно 7 до 9 часа сон. Децата во зависност од староста имаат различна потреба од сон.

Еве неколку совети со кои можете да го надминете проблемот со несоницата:

  • Избегнувајте ги попладневните дремки. Различното време на одење во кревет и будење може да бидат причини за несоница.  Доколку некогаш спиете попладне, потрудете се овој ритуал да не трае предолго.
  • Избегнувајте алкохол, кофеин и никотин бидејќи поттикнуваат будност.
  • Избегнувајте да поминувате време на електронски уреди пред спиење. Допишувањето на социјалните мрежи пред спиење е “заразно“, па често си легнуваме подоцна од планираното.
  • Одредете си лични ритуали пред да заминете во кревет. Поставете си правила кои ќе ги почитувате како оставање на телефонот еден час пред спиење.
  •  Водете дневник за спиење. Обидете се да ги забележите сите позитивни промени кои се случуваат во телото кога сте одморени и наспани.
  • Користете додатоци за исхрана кои содржат мелатонин. Земање на минимум 0, 5 мг мелатонин пред спиење, придонесува за намалување на времето потребно за заспивање. Можете да користете и производи кои содржат афион бидејќи има смирувачко дејство и придонесува за релаксација.

Во аптеките на Зегин можете да најдете додаток на исхрана со моќно трио од афион, родиола и мелатонин забогатен со витамин Б6.

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin