Најважни

Основни испитувања важни за жената

Редовните превентивни прегледи можат да утврдат каква ви е есостојбата на организмот и навреме да ги откријат опасностите од можните заболувања. Ова се четири основни прегледи или испитувања, кои се неопходни да ги правите за определн период, за да го зачувате вашето здравје.

Гинеколошки тест

Овој гинеколошки тест се препорачува на сите жени од 18-тата до 49-тата година, најмалку еднаш годишно. Процедурата е брза и безболна за пациентката, а резултатот е многу корисен за утврдување на промени на клетките на грлото на матката.

Во повеќето случаеви, нормалните клетки може да се вратат во нормална состојба сами од себе, но понекогаш е потребно да се отстранат, за да се спречи развој на цервикален карцином.

При ПАП тест се земаат клетки од грлото на матката и се испитуваат под микроскоп за евентуални промени кои укажуваат на канцер. Благодарение на овој тест , кој е воведен кај нас како превентивна мерка, бројот на жени со рак на грло на матка е значително намален.

Контрола на крвниот притисок

Дури и да немате никакви проблеми со притискот , во смисол на повремено качување и спуштање, специјалисите ги советуваат , особено жените помеѓу 18 и 65 години, најмалку еднаш годишно да го мерат крвниот притисок. Многу е важно апаратот да е точен(по можност професионален) и процедурата да се извршува правилно-во смирена состојба, седнати, по пет минути комплетен мир, со точно поставена манжетна на раката, да се повтори три пати и да се пресмета средната вредност. Затоа, е можеби најдобро, приситокот да ви го измери медицинско лице, препорачуваат кардиолозите.

Мерење на холестеролот

Ова мерење неопходно е да се прави, бидејќи зголеменото ниво на лошиот холестерол нема рани симптоми, туку првиот сигнал може да е срцев удар, предупредуваат лекарите.Мерење се препорачува на лица по 40-тата година и се контролира преку земање на крв за лабораториско испитување. Ако немате никакви ризик фактори и предиспозиција кон висок холестерол, со претходно добар резултат , тестот можете да го повторите на три до пет години, објаснуваат лекарите.

Проверка на тироидната жлезда

Тироидната жлезда поризведува тироидни хормони, кои контролираат многу активности во вашето тело, вклучувајќи колку бргу согоруваат вашите калории и колку брзо срцето чука. Болестите на тироидната жлезда. Предизвикуваат создавање на или премногу или многу малку хормони. Во зависност колкаво количество на хормони произведува тироидната жлезда, често може да се  чуствувате немирни или уморни, или може да изгубите или стекнете тежина и многу често опаѓање на косата. Жените се посклони да имаат болести на тироидната жлезда, особено веднаш по бременоста и после менопаузата. Една од осум жени ќе развие проблеми со тироидната жлезда за време на нејзиниот живот. Кај жените проблемите со тироидната жлезда може да предизвикаат –  хроничен замор, проблеми со столицата, немирен сон, слаба коса или опаѓање на косата, срцебиење. Проблеми со менструалниот циклус- премногу или пре малку хормони на тироидната жлезда може да ги направат вашите месечни  циклуси многу лесни, тешки и неправилни. Ова може да доведе до рана менопауза(пред возраст од  40 години).

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin