Здравје Најважни

Зошто е важно да се вакцинираме?

Вакцините се специфичен вид на лекови, билошко фармацевтски производи, кои се користат за заштита од заразни болести, односно го штитат здравјето на децата и возрасните со создавање на таканаречен вештачки имунитет. Активната супстанца на вакцините е патоген вирус или бактерија, кои се специфично формулирани и обработенисо цел да предизвикаат имун одговор( организмот да создаде имунитет против тоа заболување) а да не се наруши здравјето на тој што ја прима вакцината.

Постојат вирусни вакцини – вирусни протеини, размножени во клетки, клеточни култури или ткива – Sipanici, Parotit, Rubeola, Polio, Hepatit, Influenca, HPV).

Бактериските вакцини содржат живи, инактивирани бактерии или делови од бактерии( токсини) – Tuberkuloza, Difterija, Pertussis, Hemofilus, Penumokok, Meningokok.

Комбинирани вакцини или повекевалентните вакцини а денес хит во светот се терапевтските вакцини (вакцини против карциними).

Со вакцинирање се започнува веднаш по рагањето или во првите 24 часа од рагањето на новороденото. По извршениот педијатриски преглед, се аплицира вакцина против Хепатитис Б, а наредниот ден и вакцината BCG.

Вакцината се дава при полно здравје, односно се вакцинираат само здрави деца. Овие две вакцини се аплицаат уште во родилиштето. После тоа родителите со картон за новороденото или педиатриска книшка понатаму се должни да се пријават во диспанзерите за имунизација и кај матичните лекари со цел да се отвори картон за имунизација и да се следи нормален раст и развој на децата во предучилишен диспанзер до 6 години а потоа и училишен диспанзер до 18 годишна возраст. Во случај на повреда ако лицето е над 18 години потребно е да се јави на Клиниката за инфективни болести со комплетна документација, здравствена легитимација или картон на вакцинација, со цел да се провери вакциналниот статус и да се даде вакцина или серум за комплетна заштита на повредениот пациент.

Сите возрасни кои патуваат надвор од државата во држави каде има други заразни заболувања, а важно е да се прими вакцина (Африка, Азија, Египет, Бразил), потребно е да се јават во Центар за јавно здравје, каде што ке им се даде вакцина и интернационален картон за имунизација, односно потврда со која вакцина, во кој период, и со кој сериски лот се вакцинирани, а со самото тоа се заштитетни од одредена болест.

Што велат експертите?

За ефикасноста на вакцините, експертите велат дека ако се даваат по посочениот редослед ефикасноста е од 80 % – 100 %, зависно од вакцината. Иако нема 100 % заштита од ниеден лек и ако настане заболување на детето кое е вакцинирано, ке има полесна клиничка слика и симптоми и нема да има компликации од потенцијално потешко и по сериозно заболување.

Бенефитот од вакцините е огромен вклучително и сезонската вакцина против грипот Influenca A како и N1H1 и други подтипови.

Календар за имунизација во 2019 година

Даниела Марковска

Д-р. Спец по предучилишна превентива

ЈЗУ Здравствен Дом Сопје

Поликлиника Јане Сандански

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin