Најважни

Позади детската агресија, лутење или повлекување стои страв од нешто

Сите луѓе се плашат од нешто во одредени периоди од животот, а децата не се исклучок. Родителите често трошат многу време и енергија за да ги убедат децата дека нема од што да се плашат, наместо да му дозволат да го запознаее својот страв, да се изрази и на крај да му помогнат да го надмине.

Првата средба со стравот, децата ја доживуваат на раѓање. Бебето ја напушта средината каде што се чувствува сигурно и задоволно, иако не е свесно за новонастанатата средина во овој момент чувствува страв од непознатото.

Првиот сериозен страв кај децата се развива колу 6 до 8 месец од животот и е важен за подоцнежниот психолошки развој на личноста. Мајката и децата се поврзани, па разделбата предизвикува страв од оставање кај детето.

Во втората година од животот стравот од оставање од родителите го достигнува својот врв, па најчесто децата врискаат и плачат кога се разделуваат со родителите. Во овој период важно е родителите да му нагласат на децата дека ќе одат, но и дека наскоро ќе се вратат и ќе бидат повторно заедно. Во овој период се развиваат и стравовите од некои животни (змија, куче или инсекти), големи предмети, нови луѓе, нова средина, брзи промени, вода и сл.

Во третата година од животот под влијание на имагинацијата, приказните, цртаните филмови и технологијата се развива стравот од темницата.  Пред заспивање детето е полно со впечатоци кои ги добило во текот на денот, а менталната контрола попушта во состојба на поспаност. Спиењето значи губење на контролата, ќе биде само,  па децата имаат потреба да спијат со запалено светло или со отворени врати со просторот каде што спијат родителите. Со текот на времето децата сами ќе започнат да ги гасат светлата и да ги затвораат вратите.

Околу пет-шест години стравот од мракот може уште да биде присутен, но во овој период се појавува страв од суштества како вампири, демони, духови кои ги поврзуваат со мракот.

После овој период децата започнуваат да се плашат од реални работи како провалници, странци, грмотевици, војна и сл.

Некои психолози и родители сметаат дека децата можат да се ослободат од стравот доколку директно се соочат со него. Дете кое се плаши од кучиња, го принудуваат да погали куче и слично. Но наглото соочување со стравот може да доведе до зголемување на стравот и други психолошки манифестации. Затоа ако детето се плаши од кучиња пожелно е родителите да ги галат кучињата и да му понудат на детето да проба. Колку и да делува бесмислен стравот на детето, имајте на ум дека за детето тој страв е реален.

Колку се децата постари толку нивните стравови се насочуваат кон реални ситуации. Стравот од смртта е еден од најчестите стравови кога децата сфаќаат дека тој што починал веќе не се враќа и започнуваат да се плашат од тоа дали нивните родители можат да починат. Доколку некој од семејството почине подобро е да се разговара со детето и да му се кажи вистината, отколку да се избегнува да се зборува за таа тема, на тој начин се зголемува неговиот страв.

Стравот од училиште не е развоен страв туку невролошки.  Се јавува многу често и во благ облик и трае кратко, Од детето се бара да се вклопи во новата средина, да усвои нови улоги, да одговори на нови барања, се вреднува неговиот труд, почнува доминацијата на едно дете врз друго и се појавуваат проблеми како врсничко насилство. Децата кои патат од оваа фобија сакаат да одат на училиште, но најчесто се плачливи, бледи и имаат некакви болки. Овие симптоми се повлекуваат кога детето се враќа дома. За оваа фобија може да се користи психотерапија.

Имајте во предвид дека децата кои се агресивни, бесни, повлечени, покажуваат некои тикови, најчесто се исплашени од нешто. Понекогаш тој страв е последица на погрешно изведени заклучоци кои имаме шанса да ги поправиме доколку му дозволиме на детето да се изрази.

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin