Органска Храна Храна

Праска-кралица на летото!

Летото е сезона на праската, која според кинеската традиција го продолжува животот.Праската е нискокалорична , што ја прави идеална за оние кои држат диета. Освежителна е затоа што 87-90 % е составена од вода, па е идеална за топлите летни денови.

Прв најзначаен бенефит од праската се бета-каротените, овие пигменти во организмот се претвораат во ретинол и го чуваат и подобруваат видот.Научната медицина докажа дека овие пигменти ја заштитуваат кожата од штетните влијанија на сончевите зраци.

Праските содржат витамин Ц кој е моќен антиоксиданс и важен витамин за здравјето на кожата. Овој витамин учествува во создавањето на колагенот кој е важен за здравјето на мускулите и кожата.Калиумот е исто така застапен во праските, а тој придонесува за правилно функционирање на срцето, потхранување на мозокот и регулирање на крвниот притисок. Ниацинот во праските обезбедува големо количество на Б3 во организмот.

Диеталните влакна во праската помагаат во дигресивниот систем, а полифенолите имаат успорувачко дејство врз клетките на ракот на дојката.Докторите пресметале дека со барем 3 праски на ден може да се постигне задоволително ниво на овие полифеноли во организмот.

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin