Храна

Маката – корен за хормонална рамнотежа

Маката е исклучително жилав корен, што расте на високите предели на Андите во Перу, а се употребува уште пред  2000 години. Традиционално, маката е најдобро позната како адаптогена билка , шти значи дека го балансира одговорот на телото во справување на различни видови со стрес. Адаптогените билки се дни од најкорисните лековити билки, кои помагаат со подобро справување со заморот, нервозата, стресот, депресијата и проблемите со спиењето.Исто така, маката е најверојатно богата со аминокиселини, фитонутритиенти, масни киселини,витамини и минерали.

Маката не влијае директно на човечките хормони. Разни истражувања дури покажуваат дека оваа билка не содржи растителни естрогени хормони. Наместо тоа, има ефекти за нормализирање на хормоните, што може да се должи на уникатен нутритивен профил на коренот.

Оваа билка обезбедува оптимално ниво на хранливи материи користени од страна на ендокриниот систем на телото. Оваа активност го регулира метаболизмот, нивото на енергија, растот, сексуалниот развој и чуството на благосостојба.

За време на кимактериумот жените минуваат низ хормонален предо, а јајниците речиси комплетно атрофираат и произведуваат се помалку естроген. Ова одсуство на естроген во телото го предизвикува сите останати симптоми, бидејки организмот бара минимален износ на естроген и прогестерон со цел да одржи функционална рамнотежа во телото. Тогаш на жените им е потребнна континуирана хормонска терапија.Затоа на жените кои се во перименопауза или менопаузата им се препорачува мака.

Поконкретно, се верува дека маката ги храни нервите со калцијум, фосфор, витамин Б1 и Б12, и масни киселини , од кои сите имаат благотворно дејство врз нервниот систем.

Маката значително ја намалува и зачестеноста и интензитетот на топлите браанови и ноќното потење.Исто така, неодамнешните студии покажуваат значително намалување на психолошките симптоми, вклучувајќи наксиозност, депресија и сексуална дисфункција. Конзумирањето на соодветна доза мака два пати дневно во текот на два месеци се покажало дека ги олеснува горенаведените симптоми.

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin