Совети

Внимателно со чистење на носот при настинки

Статистичките податоци покажуваат дека инфекциите на дишните патишта, општо земено се најчести болести. За настинките обично се зборува во период кога е студено, но тие се јавуваат во текот на целата година. Овие вирусни инфекции обично не се опасни, но симптомите можат да бидат многу непријатни и да го отежнат нормалното секојдневно функционирање.

Справувањето со симптомите  најчесто започнува дури откако ќе се појават, но се препорачува да се превземат одредени мерки уште пред да се почуствуваат првите знаци на инфекција.

Некои експерти истакнуваат дека силното дување на носот создава притисок кој може да го поттурне насобраниот секрет во носот назад кон синусите и да го зголеми ризикот од инфекција. Затоа се препорачува носот да се плакне со спрејови за нос, што најчесто  се на база на морска вода. Покрај тоа што плакнењето овозможува полесно отстранување на секретот, исто така придонесува и за влажнење на слузницата, што е од особена важност за нејзината одбранбена функција.

Капките за нос со активни супстанци се користат за ослободување на затнатиот нос, го омекнуваат насобраниот секрет и го олеснуваат неговото исфрлање. Се препорачува овие препарати да се користат во ограничен временски период –до 7 дена. Нивната неправилна употреба при долготрајно користење може да резултира со иритација на слузницата и со хронична затнатост на носот. Поради тоа, при полесни настинки се препорачува да се користат спрејови на база на морска вода, за кои нема ограничување во употреба.

LEAVE A RESPONSE

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin