Што да спортувате ако – имате проблеми со ‘рбетот

Многу проблеми се кријат под називот „болки во грбот„: лумбаго, ишијас, проблеми со дисковите, болка во вратот… Проблемите со ‘рбетот може да се последица на повреди, артроза или неправилно држење. Многу луѓе со болки во грбот најчесто лежат на кревет и ги прават само оние вежби што им ги одредил лекарот.

ПРЕПОРАЧЛИВИ СПОРТОВИ

ПЛИВАЊЕ – Лекарите најчесто препорачуваат пливање, бидејќи во вода ‘рбетот не е оптоварен со телесната тежина, а движењата кои се изведуваат при пливањето ги зајакнуваат сите мускулите. Се препорачува и трчање под услов да имате добри патики, како и возење велосипед. Ако не чувствувате јака болка може да вежбате истегнување, избегнувајќи движења кои се напорни за ‘рбетот.
ПИЛАТЕС – Многу физиотерапевти препорачуваат вежбање пилатес. Болките во грбот најчесто ги предизвикува лошото држење, а со добро избрани вежби се зајакнува мускулатурата на целото тело. Со вежбите за истегнување ќе ги намалат болките и ќе го подобрат држењето на телото. Пилатесот е одличен и за оние што заздравуваат по некоја повреда бидејќи помага во зајакнувањето на организмот.

АКТИВНОСТИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИЗБЕГНУВАТЕ

Ако болката е во акутна фаза, треба да ги избегнувате сите активности кои може да ја влошат состојбата. На пример, веслање, кревање тегови, тенис, одбојка, јавање, карате, брзо трчање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.