Симптоми и лекување кога имате вишок киселини во желудникот

Симптомите на гастричен рефлукс обично се многу очигледни и луѓето што страдаат од оваа болест ги препознаат без поголеми проблеми, а се манифестираат како:
  • поджригнување;
  • печење во областа под градната коска;
  • болка и печење што се шири на вратот, па дури и на лицето;
  • болка и печење по јадење или лежење;
  • враќање на желудочната содржина во устата;
  • голема саливација;
  • тешко или болно голтање.

Ако на овие симптоми се развие и болка во грлото, засипнатост, често подждригнување и икање, бели пластови на устата и јазикот, наслојки на забите и појава на грутки во грлото, може да станува збор за напреднување на болеста, која во медицината се нарекува ГЕРБ или гастроезофагеален рефлукс.

За неутрализирање на стомачната киселина може да се користат антациди, кои треба да се земат еден час по јадење и пред спиење. „Циметидин“ и „ранитидин“ се лекови што вашиот лекар може да им ги препише и на луѓето што страдаат од рефлукс за да се намали киселоста на желудникот. Исто така, постојат холинергични лекови кои дејствуваат на самиот мускул на прстенот така што го прават посилен и спречуваат негово ненамерно отворање. Сепак, најефикасна метода на лекување е промена на начинот на исхрана и губење вишок масно ткиво.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.