Од што се плашат мажите

Животот на многу мажи е постојана борба за докажување дека секогаш можат да бидат први, најдобри на работа, први во спортот и најкомплетни во љубовта и во сексот. Самопочитувањето на мажот се темели на постигнувањето резултати, затоа често им е тешко да ги прифатат сопствените грешки или да се извинат. Извинувањето за нив е признавање на неуспехот и понижување.

Пензионерски денови

Споед европско истражување, 90 отсто од мажите ја сметаат својата работа за поважна од љубовта и од секој друг аспект на својот живот. Пензионирањето за мажите не значи само драстичен прекин на телесната и интелектуалната активност, туку и губење на она што го сметаат за најважно во животот. Затоа не треба да нè чуди тоа што по пензионирањето мажите често не знаат што со себе, се чувствуваат празно и потиштено. За разлика од жените, на мажите им треба повеќе време за да се приспособат.

Искажување на чувствата

На мажите им е тешко да ги искажат своите чувства дури и пред пријателите со кои воспоставуваат најблизок однос, а не само во сентименталните врски со жените. Зборуваат за фудбалот, автомобилите и за политиката, но ретко зборуваат за тоа што им се случува и за тоа што чувствуваат. Се плашат да го свртат вниманието кон своите чувства и да ги изразат зашто со тоа ќе ја покажат својата ранливост. Оттаму доаѓа и непријатноста кај мажот пред изразите „мора да разговараме“ или „за што размислуваш“, кои се омилени кај жените.

„Вечно дете“

Со првите седи влакна кај мажот се јавува еден вид бегство во минатото. Тоа е т.н. криза на четириесеттите. Мажите се трудат да изгледаат помлади, а многумина веруваат дека можат да ја продолжат младоста до недоглед почнувајќи да се однесуваат како тинејџери. Тоа е комплексот на Петар Пан или „вечното дете“. Се разбира, најдобриот начин за зголемување на самопочитта се љубовните освојувања. Многу неверства и разводи сведочат за неприфаќањето на мажот на незапирливото минување на годините.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.