Никој не е доволно стар за да не води љубов

Нема да кажеме ништо ново со фактот дека луѓето што имаат редовни сексуални односи живеат подолго. Значи, никој не е доволно стар за да не води љубов.

Направени се многубројни истражувања со кои е потврдено дека должината на животот зависи од физичките, менталните, сексуалните способности  и од вежбите за дишење.

Според светските статистики, неженетите просечно живеат девет години помалку од женетите, а немажените четири години помалку. Ако овие факти се споредат со годините на староста, имате повеќе шанси да бидете изложени на штетни влијанија и да заболите од некоја болест. Сите тие промени можат да се одразат и на интимниот живот.

Забележани се многубројни физиолошки промени кај мажите: атрофија на сексуалните органи, намалување на нивото на тестостеронот, позабавени ерекции, ерекција со помал квалитет, потешко одржување на ерекцијата, намалено ниво на оргазам, а со намалените хормони се намалува и желбата. И кај жените експертите издвоиле многу промени: намалување на секрецијата на естрогенот по менопаузата, намалување на ткивото на дојките, намалена димензија на матката, атрофија и сувост на гениталните органи, а намаленото ниво на хормонот последично предизвикува намалена желба.

Кога ќе се прочитаат сите овие факти веројатно изгледа дека на повидок е апсолутна катастрофа. Но, вистината е поинаква.

Едно истражување во шведските домови за стари луѓе покажа дека одреден процент од луѓето што имаат над 80 години имаат редовен сексуален однос. Забележани се и етногеографски разлики.

Кај Американците сексуално активни се постарите – 55-60 отсто, а кај Чилеанците – 40 отсто. Наведените промени споредени со годините на староста повеќе зависат од биолошката старост отколку од хронолошката. И повторно научниците дошле до истиот заклучок: не е важно колку сте стари, туку како ги „носите„ годините.

Ако се земат за пример активноста и вежбањето: вежбањето доведува до ублажување или до забавување на старечките промени, само ако е постојано.

Продолжение од „Сексот по 60. година е невозможен?“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.