Како до подобар сексуален живот?

Природно е дека желбата е директно поврзана со ослободувањето на тестостеронот. Колку е постар организмот, толку е помало производството на овој хормон. Во овој период кој докторите го нарекуваат „машка менопауза“ може дури и целосно да го запре и да се појави во периодот меѓу 50. и 70. година од животот

За разлика од животните, чии сексуални односи се ограничени во периодот на размножување и тоа само за целите на репродукцијата, кај човекот целта е задоволство. Човекот (или подобро кажано момчето), што првпат мастурбира на тринаесет години, не чувствува желба за жени. Се разбира, тоа не претставува ограничување за спонтана ерекција, која кај возрасни мажи е знак за еротско задоволство.

Во период во кој се добива првото искуство во пар, поимот желба е малку неуреден. Желбата е јасно фокусирана на избраниот партнер, но е површна и лесно може да се пренесе на кој било друг партнер. Затоа во младоста, и мажите и жените воспоставуваат голем број на краткотрајни врски.

Што се случува во стабилна врска?

Тука е врската со постојан партнер. Ако се воспостави добра сексуална рамнотежа, овој однос може да трае долго време, дури и во случај на неколку надворешни и ирелевантни врски. На почетокот желбата е многу силна и често предизвикува спонтани ерекции. Парот може тоа да го искористи и да уживаат во животот до максимум. Како што знаеме, рутината и возраста го намалува бројот на спонтани ерекции. Во принцип, паровите не се вознемируваат од тоа, и ако ја побараме причината, едноставна е, желбата е намалена. И сосема е природно да се намалува и на крајот да исчезне.

За среќата целосно да не ни го сврти грбот, кога желбата се намалува, парот го зголемува нивото на знаење во врска со сексот, за сопственото тело и телото на партнерот, за еротиката која е уникатна за човекот и каква животнскиот свет не познава. Природно е дека желбата е директно поврзана со ослободувањето на тестостеронот. Колку е постар организмот, толку е помало производството на овој хормон. Во овој период кој докторите го нарекуваат „машка менопауза“ може дури и целосно да го запре и да се појави во периодот меѓу 50. и 70. година од животот. Во овој период е тешко да се постигне ерекција, која е кратка и ретка и често придружениа со предвремена ејакулација.

Релативна слабост на човекот

Оваа релативна слабост е од органска, а не селективна природа. Тоа не е слабост на човекот да постигне ерекција со својата сопруга, додека може со друга жена. Напротив, се покажало дека многу мажи што постигале задоволителна ерекција со сопругите, кои им се познати и сигурни, не успевале да постигнат со нови партнерки, иако помлади.

Оваа релативна немоќ – импотенција, може целосно да се излечи со инјектирање тестостерон ако причината е негов недостаток, или намалена желба, иако има негативни последици. Поради присуството на синтетички тестостерон во организмот може да се стимулира мозокот да престане да го произведува. Значи природното производство, кое веќе е ослабено во почетокот на третманот целосно и трајно може да престане.

Што да направите кога ќе почне да пресушува сексуалната моќ?

Еден од проблемите на паровите што повеќе години живеат заедно, кога тие влијаат на сексуалната моќ на жените, па на мажите, е во тоа дека нашата желба во голема мера зависи од биолошкиот ритам. Тоа не е поврзано со циклусот на размножување кај животните, иако се знае дека жените имаат поголема желба за секс за време на овулацијата и во првите денови на менструалниот циклус. Тие полесно се возбудуваат во лето, а мажите во текот на зимата. Мажите сакаат наутро, а жените во попладневните и вечерните часови. Ова секако не значи дека мажот не може да се возбуди и во летните вечери. Жените, пак, кои ќе ги забележат првите знаци на импотенција кај партнерот, треба да им помогнат со тоа што ќе изберат моменти кои се најповолни за сексуалните односи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.